Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, поднесе оставка од функцијата и ја депонира до Собранието. Изнуденото повлекување следува откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пред една недела поднесе обвинение против неа во рамки на предметот „Адитив“ кое се однесува на две кривични дела – оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Известува: Маја Јовановска Димитровска е обвинета дека ја искористила позицијата и…
Истражувањето открива како со помош на мрежа од компании и посредници раководството на ЕСМ дозволило државата да купува поскап јаглен со цел некои компании и бизнис-моќници со силни политички врски оваа криза да ја искористат како шанса за сопствено богатење врз грбот на граѓаните кои плаќаа драстично повисоки сметки за струја. Од 2022 година до денес компанијата ЕСМ склучила договори со 11 фирми за набавка на околу 4,6 милиони тони јаглен, за што било…
Истрагата за набавката на скапиот адитив за РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј откри неочекуван детал – дел од криминалната мрежа била и актуелната претседателка на Државната комисија за спречување корупција Татјана Димитровска. Комуницирала со обвинетиот Небојша Стојановиќ. Го брифирала какви постапки против него се воделе во комисијата откако ИРЛ во јуни лани откри како ЕСМ купила адитив од фирма без искуство во хемискиот бизнис неколкупати поскапо од пазарната вредност. Известуваат:…
Шестмина директори од АД Електрани се осомничени за перење на пари и злоупотреби при тендерски постапки во државната компанија. Штетата која е направена врз државниот буџет е проценета на 6,5 милиони евра. Во денешната акција со кодно име „Адитив“ опфатени се вкупно 23 лица, а случајот го води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. ИРЛ објави две истражувачки стории преку кои откри како службеничка од пошта без никакво…
















