Пишуваат: Лила Караташева и Дајана Лазаревска Кривичниот суд денеска му даде условна пресуда на Филип Достовски, активист за легализација на канабисот и основач на здружението „Зелена алтернатива“. Тој беше уапсен пред две години откако во неговиот дом беше пронајдено поголемо количество канабис. Сашо Дуковски, адвокатот на Достовски, рече дека тој не го сторил делото и затоа одлуката на судот ќе ја обжалат до повисоките судови, но и пред судот за…
Наташа Димитриевска во сообраќајна несреќа ги загуби својот сопруг и нероденото дете, а виновникот излезе речиси неказнет. Навидум, овој случај не е ништо посебен во однос на стотици други вакви кои биле дел од дневниот билтен на полицијата во минатата деценија. Но, отпорот на Наташа и нејзината јавна борба со обвинителите и судиите поттикнува и други граѓани да се побунат против судската власт. Зачетокот на овој мал граѓански бунт доаѓа…
Поранешниот премиер Владо Бучковски денеска во завршните зборови на судењето за „Тенковски делови“ кажа дека му била украдена победата, бидејќи тој и другите обвинети покажале дека нема дело, а обвинителството се повлече поради застарување на делото и на тој начин не им дозволи да докажат дека не се виновни. Сепак, рече тој, во нерамноправна борба ги победиле креаторите на случајот, поранешниот министер за правда Михајло Маневски и неговата сопруга Филимена,…
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, уште на самиот старт на денешното продолжение на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“, се откажа од испрашување на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски. Обвинителката Ленче Ристоска побара од судот дополнителни прашања за Верушевски, за да се појасни какви документи добил во 2010 година, но одбраната одбиваше со изговор дека таквите би требало да следат по нивно евентуално врстено испрашување. Судот дозволи обвинителството да постави дополнителни прашања,…

















