Поранешниот министер Миле Јанакиески, кој е еден од обвинетите за уривањето на комплексот Космос, во својот исказ пред Судот, денеска рече дека објектот е дивоградба и повторно побара да биде испрашан и бизнисменот Фијат Цаноски. Јанакиески, одговарајќи на прашања на неговиот адвокат, рече дека има детален листинг од комуникацијата на Фијат Цаноски во периодот од април 2010 до август 2011. „Многу е чудно, во тој период господинот Фијат Цаноски има…
Започна судењето за случајот наречен “Рекет”. Полна судница, инекции дијазепам, барање за оштета од 1,5 милион евра од еден не толку омилен бизнисмен – Јордан Камчев. Чувме драматични говори на Катица Јанева, Вилма Рускоска и Бојан Јовановски. Еден молчелив обвинет призна вина – Зоран Милевски Кичеец. ИРЛ ви ја пренесува атмосферата од судницата. 09:30 Граѓаните се навикнати да гледаат репортери и камери пред Судот, особено по 2016 година кога се…
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски денеска им го врати случајот „Монструм“ на обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. Јовески вели дека приоритет на државното обвинителство се предметите кои се во судска постапка, за истрагите и предистрагите дополнително ќе се одлучува. „Приоритет ни се предметите кои веќе се во судска постапка. Насокоро ќе донесеме и одлука за тоа кои обвинители ќе ги застапуваат и другите предмети преземени од СЈО“, вели Јовески.…
По речиси четири години од сообраќајната несреќа, денеска во Кривичниот суд во Скопје е изречена пресуда за возачот кој го усмрти 13 годишниот Давид Анѓеловски. Судијката Софија Лаличиќ ја прогласи за виновна Маја Лукаревска и ја осуди на затворска казна од 3 години затвор. Сообраќајната несреќа се случи на булеварот „Илинденска“ кај фонтата во Градскиот парк на 18 септември 2015 година. Тоа попладне семафорите на булеварот не работеле, а Давид…

















