Press "Enter" to skip to content

Глобалните новинарски организации ја осудуваат судската одлука за ИРЛ: Опасен авторитарен потег, бараме ревизија!

Европската федерација на новинари (EFJ) и Меѓународната федерација на новинари (IFJ) денеска остро реагираа по вчерашната одлука на Апелациониот суд во Скопје против ИРЛ и главната уредничка Сашка Цветковска, оценувајќи дека судот отвора пат за цензура, а судската одлука е оквалификувана како опасен авторитарен потег кој треба да се ревидира. Апелацискиот суд ја отфрли жалбата на ИРЛ и Цветковска и ја потврди првостепената пресуда во која пишуваше дека Анѓушев бил…

Кочани во битка за вистината, почна судењето за дивата дискотека „Пулс“

Многу полиција, семејства на 63 починати и 35 обвинети. По осум месеци од трагедијата во дивата дискотека „Пулс“ во Кочани, роднините на загинатите дочекаа да започне судскиот процес. Новата судница во рамки на затворот Идризово беше преполна. Обвинителството порача дека доколку во Пулс имало контрола, надзор и санкција, пожарот ќе се запаметел како инцидент а не како масовна гробница.   Известува: Александар Јанев Првите неколку часа од судењето за случајот Кочани,…

Судскиот случај против Жан Митрев започна од почеток

По две години судење, предметот во кој докторот Жан Митрев е обвинет за измама на 283 пациенти, се враќа на почеток. Причината е повлекување на две судијки поротнички кои во исто време си дадоа оставки од функцијата.  Судењето почна со воводен говор на Никола Додевски, адвокатот на Жан Митрев, кој како и пред две години кажа дека наводите на обвинителство дека докторот Митрев е измамник се апсурдни. На следното рочиште…

Емисари на Жан Митрев се обидуваат организирано да ги премислат сведоците

Роднини на починати ковид-пациенти во болницата „Жан Митрев“ кои треба да сведочат против докторот кој е обвинет за измама, добиваат телефонски повици од поддржувачите на доктор Жан Митрев. Во улога на посредници се вклучиле дури и лекари вработени во неговата болница. ИРЛ разговараше со десетина семејства кои рекоа дека од нив се бара во судот да го поддржат кардиохирургот, бидејќи бил добар човек и лекар, а дел од нив добиле…