Press "Enter" to skip to content

Први сведоци: Хемофилтрацијата пресудна за лекување во болницата Жан Митрев

Кристина Стојанова и Љубица Кузмановска беа првите сведоци кои денеска беа испитани во Кривичниот суд во случајот против Жан Митрев. Едната изгубила татко, другата изгубила сопруг.  Двете кажаа дека се чувствуваат измамено и имаа оштетни побарувања. За двата сведока пресудно во одлуката каде ќе се лекуваат нивните блиски биле промоцијата на хемофилтрацијата како најуспешен начин за лекување на вирусот Ковид 19. Со денешното сведочење на Кристина Стојанова и Љубица Кузмановска…

Жан Митрев не чувстува вина, обвинителството ќе докажува дека мамел пациенти

Жан Митрев не чувстува вина. Обвинителката Искра Хаџи Василева тврди дека ќе докаже дека докторот мамел пациенти. Конечно по три одлагања, денеска започна судењето против кардиохирургот кој во истомената клиника нудеше метод на хемофилтрација како лек од корона вирусот.    Жан Митрев не чувствува апсолутно никаква вина за измама на пациенти. По серија одлaгања на стартот на судските рочишта против него, докторот конечно од обвинителна клупа порача дека кривичното дело за…

По трет пат се одложи судењето за Жан Митрев

Никако да почне судењето против докторот Жан Митрев. Денешното рочиште повторно се одложи на барање на адвокатите на докторот кои се жалат дека не им биле доставени сите докази. По едночасовна тензија меѓу одбраната и обвинителството, судот донесе одлука и го одложи судењето. Следното рочиште е закажано на 13-ти јуни. Пред судницата во која што му се суди за кривичното дело измама со умисла на пациенти кои се лекувале во…

Роднини на починати пациенти со транспаренти го пречекаа Жан Митрев пред суд

Се одложи и второто судско рочиште на обвинетиот доктор Жан Митрев. Неговиот адвокатски тим не успеал да направи увид во предметот. Митрев пред судот освен од  новинарските екипи, беше дочекан од роднини на пациенти кои починаа во неговата клиника по примена на методот хемофилтрација за лекување од КОВИД 19.  Половина час пред закажаното судење, семејствата дојдоа пред Кривичниот суд со фотографии од починатите и транспаренти на кои пишуваше „Профитер на…