Мијалков станал возач за потребите на струшкиот затвор, но Управата за извршување на санкции одбива да каже какви се неговите специфични задачи и дали и колку е ангажиран надвор од затворот. Директорот Јовица Стојановиќ грубо и’ се обрати на новинарката на ИРЛ: „Што сакаш да ти кажам повеќе? Кој ден, во колку саат го пали комбето?“ ИРЛ открива дека од ВИП криминалците кои станаа охриѓани предвреме на слобода излегол Зоран…
Обвинителот Љубомир Лапе, некогаш дел од расформираното СЈО, на прес-конференција порача дека истрагата за Скопје 2014 е жива. Отчетноста на обвинителството и грижата за јавниот интерес доаѓа во период кога институцијата одмолче клучни општествени случувања кои засегаат функционери од извршната власт и судството. Впечатокот е дека намерата е да се создаде привид дека нешто се работи на полето на справувањето со корупцијата иако во реалноста правосудниот систем со децении прикрива…
Во 2011 година балерината Александра Мијалкова ќе прими еден необичен подарок од бизнисменот Јордан Камчев. Овој подарок ќе биде клучен во создавањето на богатството на нејзиниот сопруг преку пренасочување на државни ресурси за лична корист. Подарокот ќе биде и центарот на случајот „Империја“. Документите на ИРЛ покажуваат како се градела империјата на Камчев и Мијалков и како спогодбата ќе ги отвори прашањата за тоа дали институциите го промовираат концептот на…