Владата потфрли – две министерки сметаат дека треба да се ревидира одлуката за спојување на концесиите за ископ на бакар и злато на „Еуромакс ресоурцес“. ИРЛ открива како изгледала владината седница на која се одлучувало за иднината на богатиот земјоделски Југоисточен регион. Прашањето за концесиите дошло како дополнителна точка на дневниот ред, а неа ја предложил министерот за економија Крешник Бектеши. Министрите немале никакви прашања и сите гласале „за“, затоа…
Жителите на населбата Пржино во Скопје потпишаа петиција со која бараат ревизија на актуелниот Детален урбанистички план и мораториум на градбите. Со протестен марш низ населбата упатија апел до општината Кисела Вода и надлежните институции дека ДУП-от не е легитимен. „Петицијата е глас до општината Кисела Вода, но и до повисоките органи – Министерствата за животна средина и за транспорт и врски со која бараме мораториум на спорните градби. ДУП-от…
Жителите на Пржино денеска протестираа против урбанистичкото дивеење во нивната населба. Целта им беше да упатат апел до надлежните институции да престанат со градби со кои се доведува во опасност живеењето во населбата. „Денес се собравме поголем број на граѓани од Пржино со цел да го искажеме својот револт за спорната градба. Ги искажуваме следниве барања: целосно стопирање на спорната градба заради која се урна и вториот потпорен ѕид во…
Студентите и професорите на Институтот по хемија денеска сложно и заеднички протестираа за подобри услови за студирање. Нивниот револт од игнорантноста на институциите надлежни за високото образование, одлучија да го изразат со 30 минутна пауза од наставата на која ги изложија своите барања. Професорката Марина Стефова, раководителка на Институтот по хемија при Природно-математичкиот факултет, вели дека тие донеле одлука јавно да го изразат незадоволството од третманот кој го добиваат и…