Press "Enter" to skip to content

Пратеничкиот имунитет не ја штити Ременски од кривична одговорност

Актуелната пратеничка и потпретседателка во Собранието на Република Северна Македонија, Фросина Ременски е една од осомничените во рамките на новата истрага поврзана со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, отворена од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Во истрагата во која се опфатени пет физички лица и едно правно, како што соопшти обвинителот Љубомир Јовески, е и Ременски, а се сомничат за перење пари, измама и помагање. Меѓу нив,…

(ВИДЕО) 28 години политичките партии над граѓанинот: Митре Велјаноски никогаш погласен

Митре Велјаноски е (поранешниот) пратеник чиј собраниски говор е „најгледан“ или „најдобар“ во јавниот дискурс. Она што го потенцираше во 2013 година како пратеник од редовите на СДСМ и пораката која ја упатува сега по повод 28 години независност, нема да им се допадне на политичарите. Ако тогаш говорот го одржа од позиција на критичар на власта на Груевски, сега кога СДСМ е владејачка партија, неговите ставови за правичност и…

Кој е Александар Филиповски-пратеникот што ќе го замени Богоевски

Александар Филиповски е пратеникот кој треба да дојде на местото на Павле Богоевски, кој во четвртокот си даде оставка од функцијата пратеник. Филиповски беше на 17-то место на листата кандидати за пратеници. За разлика од Богоевски кој беше независен пратеник и ја претставуваше „Шарената Револуција“, Филиповски е член на СДСМ и доаѓа од нивната општинската организација во Аеродром. Филиповски досега не беше познат во јавноста. Од социјалните мрежи за него…

Богоевски: Поставувам пример кој се надевам сите ќе го следат, етиката и моралот мора да се над желбата за функциите

Долгоочекуваната седница на Комисијата на мандатно имунитетни прашања, наместо со одземаење на мандатот на поранешниот премиер и бегалец во егзил, Никола Груевски, заврши со оставка на пратеникот и претседателот на Комисијата, Павле Богоевски. Десетминутниот говор во кој Богоевски ја образложува својата оставка дојде по барањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дневниот ред на Комисијата да се дополни со со нова точка, а тоа е прекршувањето на Етичкиот кодекс на пратениците…