Не постои ниту една партија чија програма не содржи копирани проекти од старите програми. Ниту една од програмите не рефлектира одредена визија и се чини дека никој не нуди конкретна и темелна реформа во одреден сектор, а сите бараат доверба дека чесно и квалитетно ќе ги управуваат институциите на граѓаните. ИЗБОРИ 2024: Ова ли е тоа? Пишува: Александар Јанев; Илустрација: Лука Блажев Политичкиот натпревар е пред крај, но во…
Изразена средношколска сиромаштија, врсничко насилство кое не запира во училиште туку продолжува и на социјалните мрежи. Јазот помеѓу сиромашни и ултра богати средношколци се продлабочува. Сегашните матуранти половина од четирите години средно образование го поминаа дома поради пандемијата и заканите од бомби што неминовно влијаеше на нивниот социјален живот. Гости во поткастот „Разговор во Редакција“ се матурантите Лука Павиќевиќ и Јана Попова како и професорката во гимназијата Раде Јовчевски Корчагин,…
Реформите во образованието актуелната влада ги почна пред пет години со кадар на СДСМ, ги продолжи министер од ДУИ, а од нив годинава профитира бизнисмен од ВМРО-ДПМНЕ. Жртви се учениците кои оваа учебна година се уште немаaт учебници. Во земја кандидат за Европската Унија, 100.000 ученици од прво до петто одделение лекциите ги учат од брошури. Учебниците ќе им бидат поделени дури во второто тромесечие. Тендерот за печатење и на…
По повод денешниот штрајк на просветните работници под закрила на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), денеска ИРЛ објави писмо на наставничка од основното училиште “Владо Тасевски” од Скопје. Професорката Симона Петковска Илиеска се осврна на коментарот на посебниот советни во кабинетот на претседателот на Владата Марјан Забрчанец, којшто вчера на социјалните мрежи упати критика до штрајкувачите. Во продолжение прочитајте го одговорот на советникот до наставничката. На овој линк…