Приватната луксузна населба „Радика вилиџ“ навидум се градеше согласно законите. Дозволата за реализација ја одобри локалната власт од Маврово и Ростуше. Четири години подоцна, Општината по налог на Државниот инспекторат за урбанизам го укина Архитектонско-урбанистичкиот проект (АУП) со кој се предвидува изградба на 87 луксузни вили. Се бара и одземање на лиценците за работа на планерската фирма која го изработи овој документ и на фирмата која била ангажирана за надзор.…
Дивоградбите во „Радика вилиџ“ засега нема да се уриваат. Второстепената владина комисија за инспекциски надзор го поништи решението на општината Маврово и Ростуше за уривање на девет објекти во „Радика вилиџ“ и ја прифати жалбата на инвеститорот. Причината не е затоа што тие се легални објекти, туку бидејќи градежниот инспектор на општината Маврово и Ростуше изготвил „аматерско“ решение за уривање, надвор од сите прописи и правилници. До општината и до…