Press "Enter" to skip to content

ИРЛ за „Нечиста крв“ ја доби првата регионална ЕУ награда за истражувачко новинарство

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) го освои првото место на регионалните ЕУ награди за истражувачко новинарство за документарниот филм „Нечиста крв“ кој е изработен во копродукција со Македонскиот јавен сервис (МРТВ).  На церемонијата која се одржа денеска во Сараево наградата ја додели Јохан Сатлер, шеф на делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина кој рече дека наградената новинарска сторија разоткри важна тема од јавен интерес.  „Посветеноста на новинарите да разоткриваат неправилности…

На црни листи во САД, дома спокојно ги трошат парите од криминал и корупција

Во само два дена на различни црни листи на САД завршија бизнисменот Јордан Камчев и компанијата Сајтрокс управувана од Иво Малинковски кои му се придружија на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. И покрај се’, ништо не ги допира македонските институции иако, според изјави на директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов постојат правни механизми и дома да се применат мерките од црните листи. Пишува: Маја Јовановска/Илустрација: Лука Блажев Јордан Камчев…

Јовески му ги исполнил желбите на Мијалков при предавањето

Сменета сум поради случајот со Драги Рашковски и со Беса Транс. Спогодбата со Мијалков беше добра, а коментарите на американската дипломатија за македонската корупција се срам, пораз и вистина, ги коментираше поранешната шефица на одделението за организиран криминал и корупција Вилма Русковска актуелните случувања во правосудството во новиот поткаст „Разговор во редакција“ на ИРЛ.  Пораз за македонското правосудство е американски истражители да мапираат корупција, смета суспендираната обвинителка Вилма Русковска која…

Евтина правда, исплатлив криминал

Во 2011 година балерината Александра Мијалкова ќе прими еден необичен подарок од бизнисменот Јордан Камчев. Овој подарок ќе биде клучен во создавањето на богатството на нејзиниот сопруг преку пренасочување на државни ресурси за лична корист. Подарокот ќе биде и центарот на случајот „Империја“. Документите на ИРЛ покажуваат како се градела империјата на Камчев и Мијалков и како спогодбата ќе ги отвори прашањата за тоа дали институциите го промовираат концептот на…