Press "Enter" to skip to content

Фридом Хаус: Корупциските скандали без разрешници го намалија рејтингот на државата

Во извештајот на Фридом Хаус како проблем препознаен е притисокот врз новинарите кои што известуваат за висока корупција. Фридом Хаус го нотира случајот на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) со тужбата за клевета од страна на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев. Забележани во контекст на падот на оценката за борба со корупција се и новинарските истражувања како она на ИРЛ за пожарот на модуларната болница во Тетово, истражувањата поврзани…

Осудените за модуларната болница во Тетово надеж гледаат во германското вештачење

Двајцата поранешни директори, осудени за пожарот во модуларната болница во Тетово побараа да бидат ослободени од вина. Причината за смртта на 14 ковид пациенти според нив треба да ја открие вештачењето на германските експерти кои утврдија дека пожарот избувнал и брзо се проширил поради лошата изведба на модуларните контејнери – доказ кој никогаш не се изведе додека им се судеше. Пред Апелациониот суд во Гостивар обвинетите порачаа: „Почитуван судија, пред…

Зошто твојата мала донација е помоќна од скапа корпоративна реклама

Во истражување на Комитетот за заштита на новинарите од 2020 година, истражувачките новинари кои работат на финансиски криминал и висока корупција во 41 држава, за првпат одговориле дека број еден закана за нивната работа се корпорациите, а дури потоа владите и организираниот криминал. Нивното влијание врз нашите животи станува се поголемо, а највидливо е преку контролата на медиумите. Но, дали граѓаните можат да ја преземат контролата назад и како да…

„Невозможна мисија“ пред Кочо Анѓушев за излез од црната листа

Господинот Кочо Анѓушев веќе најмил адвокат во САД и поднел жалба, но амбасадорката Агелер не верува дека тоа ќе му ја промени судбината. ’Не би се обложувала на тоа‘, рече Агелер за амбициите на Анѓушев да и докажува на американската администрација дека е чесен. Според неа, тој на црната листа завршил поради цврсти докази, а не поради сомнежи. Известува: Александра Денковска  Речиси е невозможно да се преиначи одлуката на Стејт…