Поради сомнеж за вмешаност во значителна корупција, бизнисменот, поранешен вицепремиер и актуелен почесен конзул на Малта, Кочо Анѓушев, доби забрана за влез во САД. На „црната листа“ Стејт департментот ги стави и неговата сопруга Елизабета и синовите Огнен и Ангел. Известува: Бојан Стојановски; Илустрација: Лука Блажев Соединетите американски држави го означија господинот Кочо Анѓушев како генерално неподобен за влез во САД, поради сериозен сомнеж на американската администрација дека е вмешан…
Судијката Благица Ѓошевска поради сватовската врска со адвокатот Ратко Ѓорѓиевски е изземена од судскиот процес каде фирмата „Енерџи меинтененс солушнс“ (ЕМС) во сопственост на Кочо Анѓушев го тужи Министерството за здравство и бара да му се исплатат пари за три изградени модуларни амбуланти, додека пак министерството бара договорот да се поништи поради незаконски потпишаниот анекс со кој се зголемила сумата на договорот. Овој судски процес сега, според АКМИС системот е…
Димитар Ковачевски, Христијан Мицкоски и Талат Џафери молчат за опасната пресуда против ИРЛ, а судот дозволува во името на граѓаните да се носат срамни пресуди против слободата на говорот. Здружението на новинари (ЗНМ) и Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) на претседателот на граѓанскиот суд Бесник Авдија му понудија да помогнат да ги едуцира судиите за основните човекови права каква што е слободата на медиумите. Известува: Лила Караташева Новинари,…
Во образложението на пресудата судијката посочува дека истражувањата на ИРЛ не смеат да се публикуваат пред граѓаните, туку треба исклучиво да се користат за внатрешна едукација на вработените. Таа го отфрли исказот на уредничката на ИРЛ Сашка Цветковска, а го прифати само оној на Анѓушев, со образложение дека Цветковска и ИРЛ не се новинари и медиум. Судијката Јованка Спировска Панева цени и дека морала да го зашити приватниот интерес, а…

















