Што истражувавме во „Цената на правдата“ Основано во 1945 година, Вишото јавно обвинителство Скопје тивко и речиси невидливо носи една од најмоќните улоги во македонскиот правосуден систем – да одлучува за судбината на предметите кога тие стигнуваат до Апелацискиот суд, односно кога има жалба на одредена одлука на првостепените судови. Во апелациската судница, само 12 обвинители имаат моќ да ја потврдат или да ја избришат целата работа на своите колеги…
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, поднесе оставка од функцијата и ја депонира до Собранието. Изнуденото повлекување следува откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пред една недела поднесе обвинение против неа во рамки на предметот „Адитив“ кое се однесува на две кривични дела – оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Известува: Маја Јовановска Димитровска е обвинета дека ја искористила позицијата и…
Самир Мане можете да го видите насекаде. Тој е трговец, хотелиер, градежник, банкар. Одржува добри релации со политичарите и со медиумите, но и со македонската и српска олигархија. Најдобро „плива“ со државни зделки и важни пријатели на вистинските места. Известуваат: Иван Блажевски, Линдита Чела Нема сектор од економскиот живот во Албанија каде што го нема името на Самир Мане. Неговата мрежа на компании вбројува операции со трговски центри, супермаркети, градежништво,…

















