Press "Enter" to skip to content

Репортажа од судницата: Сè што не прочитавте за “Рекет” во морето од инстант вести

Започна судењето за случајот наречен “Рекет”.  Полна судница, инекции дијазепам, барање за оштета од 1,5 милион евра од еден не толку омилен бизнисмен – Јордан Камчев. Чувме драматични говори на Катица Јанева, Вилма Рускоска и Бојан Јовановски. Еден молчелив обвинет призна вина  – Зоран Милевски Кичеец. ИРЛ ви ја пренесува атмосферата од судницата. 09:30 Граѓаните се навикнати да гледаат репортери и камери пред Судот, особено по 2016 година кога се…

(ВИДЕО) Дали може Камчев од жртва да стане обвинет во „Рекет“

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески за ИРЛ изјави дека обвинителството не постапува селективно кон ниту едно лице за кое има индиции или докази дека е инволвирано во случајот „Рекет“.  Во тоа, вели јавноста ќе се увери во текот на судската постапка, кога ќе бидат презентирани сите докази. „Јавноста ќе може тогаш комплетно да процени преку вас медиумите дали ние определени работи сме ги испитале или не сме ги испитале докрај,…

Обвинение за „Рекет“: Катица Јанева зела 50.000 евра, Боки и Кичеец 1,5 милион евра од Камчев

Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска до Кривичниот суд поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски. Јанева е обвинета за злоупотреба на службената положба, а двоецот Боки 13 и Кичеец за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Тројцата обвинети се товарат дека од ноември минатата година до април годинава од Јордан Камчев извлекле 1.550.000 евра со цел да ја олеснат неговата позиција во предметот „Империја“…

Зијадин Села: Заев ја отстранува Ременски, а осомничениот Бујар Османи му е вицепремиер

Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села во вечерашното издание на емисијата 24 анализа рече дека премиерот Зоран Заев е контрадикторен со денешата најава дека ќе ја отстрани Фросина Ременски поради сомневањата за „Рекет“, а Бујар Османи кој е осомничен во случајот „Пациент“ му е вицепремиер. „Османи е исто така осомничен за корупција од 400.000 евра. Ова ми делува дека Заев со денешната најава за Ременски сака само да ја…