Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева се прогласени за виновни во случајот „Рекет“. Јовановски доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева 7 години за злоупотреба на службената положба и овластување. Пресудата е првостепена и осудените имаат право на жалба до повисокиот суд – Апелација. Истрагата за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска ја отвори лани на 15 јули, кога беше…
Бизнисменот Јордан Камчев денеска сведочеше во случајот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски и Катица Јанева, а третиот обвинет Зоран Милески – Кичеец доби казна затвор од три години. Камчев рече дека Јовановски и Јанева се режисерите кои го конструирале случајот „Империја“ во кој тој е осомничен, со цел да му изнудат милиони евра. Освен нив двајца тој додаде дека на обвинителната клупа треба да седне и обвинителката Лиле…
Зоран Милески Кичеец, третообвинет во случајот „Рекет“, денеска беше осуден на три години затвор. На вчерашното рочиште, на големо изненадување на присутните Милески призна вина за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание. Во казната која му ја изрекоа е пресметан и периодот кој тој го помина во куќен притвор. На Милески му остануваат две и пол години затвор. Судот истакна дека при одредување на казната, биле земени предвид олеснителните…
Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески за ИРЛ изјави дека обвинителството не постапува селективно кон ниту едно лице за кое има индиции или докази дека е инволвирано во случајот „Рекет“. Во тоа, вели јавноста ќе се увери во текот на судската постапка, кога ќе бидат презентирани сите докази. „Јавноста ќе може тогаш комплетно да процени преку вас медиумите дали ние определени работи сме ги испитале или не сме ги испитале докрај,…




