Press "Enter" to skip to content

ЗНМ: ЕСМ како државна компанија прави негативен преседан со јавните напади врз ИРЛ

Здружението на новинари на Македонија испрати јавен одговор до Електрани на Република Северна Македонија (ЕСМ) откако компанијата незадоволна од сторијата на ИРЛ која опфати јавна набавка која што тие ја направиле, прати непримерен допис до медиумите и до еснафските организации. Во дописот ЕСМ делеше кфалификации, клевети и навреди за редакцијата. Како придружна документација кон нивниот допис, ЕСМ ги ипрати одговорите кои што им ги пратиле на новинарите на ИРЛ, но…

Многу „бардови”, а малку искрен активизам за промени во новинарството

Со само околу 80 присутни, од вкупно 470 активни членови со право на глас, викендов се одржа редовното годишно собрание на Здружението на новинари на Македонија. Ако на изборните собранија на ЗНМ доаѓаат повеќе од стотина новинари и медиумски професионалци, на неизборните, но еднакво важни за виталноста на фелата, бројот е многу е помал.  Став на Давид Илиески, новинар во ИРЛ и член на ЗНМ Под отворените шатори во дворот…

Тивок бојкот на владата, националните телевизии во вестите не објавуваат изјави на министрите

Веќе трет ден на петте национални телевизии не се пренесуваат изјави и ставови на техничкиот премиер, министрите и нивните заменици во Владата. Во вестите на Сител, Канал 5, Телма, Алсат и Алфа ТВ се објавуваат тонски парчиња само од пониските ешалони во власта, односно директори на институции, а се пренесуваат и партиски ставови. Вчера техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче беа во посета на Торакална хурургија…

Реформа или проформа: Функционалноста на етичката комисија во МРТВ

Во време кога информациите станаа оружје, а медиумскиот простор е окупиран со интересите на бизнис и политичкото лоби, потребата за професионални и етички стандарди станува се поголема. Токму тука јавниот сервис би требало да ги покаже своите највисоки перформанси и да застане во одбрана на интересите на граѓаните. Но, речиси и да не постои анализа или истражување за домашниот јавен сервис која што во последните две децении не покажува сериозно…