Стратешки тужби, стратешки напади смислени во пи ар кујни, култура на страв се само дел од предизвиците со кои се соочуваат професионалните медиуми во земјава. Бизнисот и политиката ја препознаа кревкоста на медиумите и лошата финансиска положба на новинарите и заканите за тужба станаа клучни во обидот да се стопира одредено истражување. Гости во поткастот „Разговор во Редакција“ се извршниот директор на Здружението на новинари, Драган Секуловски и новинарот во…
Здружението на новинари на Македонија испрати јавен одговор до Електрани на Република Северна Македонија (ЕСМ) откако компанијата незадоволна од сторијата на ИРЛ која опфати јавна набавка која што тие ја направиле, прати непримерен допис до медиумите и до еснафските организации. Во дописот ЕСМ делеше кфалификации, клевети и навреди за редакцијата. Како придружна документација кон нивниот допис, ЕСМ ги ипрати одговорите кои што им ги пратиле на новинарите на ИРЛ, но…
Со само околу 80 присутни, од вкупно 470 активни членови со право на глас, викендов се одржа редовното годишно собрание на Здружението на новинари на Македонија. Ако на изборните собранија на ЗНМ доаѓаат повеќе од стотина новинари и медиумски професионалци, на неизборните, но еднакво важни за виталноста на фелата, бројот е многу е помал. Став на Давид Илиески, новинар во ИРЛ и член на ЗНМ Под отворените шатори во дворот…
Веќе трет ден на петте национални телевизии не се пренесуваат изјави и ставови на техничкиот премиер, министрите и нивните заменици во Владата. Во вестите на Сител, Канал 5, Телма, Алсат и Алфа ТВ се објавуваат тонски парчиња само од пониските ешалони во власта, односно директори на институции, а се пренесуваат и партиски ставови. Вчера техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче беа во посета на Торакална хурургија…