Денеска објавеното 550.печатено издание на „Независен весник“ е веројатно последниот број на дневниот весник кој започна со работа во ноември 2017 година. Последните два месеци, вработените секојдневно биле алармирани дека секој нареден број може да биде последен. Управителот Никос Фрагопулос, во краток разговор со ИРЛ, рече дека се уште со сигурност не може да ја потврди информацијата, но наведе дека иднината на дневниот весник е неизвесна и прават напори да…
Здружението на новинари на Македонија(ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска со соопштенија реагираа на вчерашната прес-конференција на премиерот Зоран Заев на кој тој презентираше низа мерки со кои Владата ќе се бори со дезинформациите и лажните вести. Здруженијата велат дека со внимание ги следат чекорите на Владата и дека дел од мерките се загрижувачки за слободата на говорот и медиумите. Од ССНМ велат дека слободата…
Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Младен Чадиковски, директорот на ЗНМ Драган Секуловски и директорката на Советот на етика во медиумите Марина Тунева изминатите два дена учествуваа на Глобалната конференција за медиумска слобода во Лондон. Конференцијата на која свои ставови и гледишта презентираа претставници на невладини и меѓународни организации, новинари и политичари од регионот е поделена на четири дела: – заштита и гонење во случаите на напади против новинарите…
Новинарката Менче Точи од порталот Нова тв, денеска од Здружението на новинари на Македонија доби награда за животно дело „Крсте Петков Мисирков“. На денешното одбележување на 73 годишнината од работењето на здружението беа доделени и наградата за истражувачко новинарство Јашар Еребара. Слобданка Јовановска од Управниот одбор на ЗНМ рече дека Точи секогаш во своите стории на прво место се пациентите и граѓанскиот интерес. „Таа веќе со години ги разобличува состојбите…

















