Никој не смее да биде амнестиран поради неспособноста да се исполнат одредени рокови, рече еврокомесарот Јоханес Хан на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Заев. Според него, клучно е до октомври да се усвои Законот за Јавно обвинителство кој нуди важни гаранции за владеење на правото и сите политички страни во интерес на иднината на државата и граѓаните да покажат одговорност. Тој вели дека за ЕУ најважно е во секое решение…
Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, денеска ги потсети сите политички актери во Македонија дека слободата на медиумите и новинарите е од посебна важност за ЕУ.. Европската Комисија, преку портпаролката реагираше на изјавите на вицепремиерот Бујар Османи и на соопштение на Министерството за здравство. Во двата случаи се формулирани закани за „правни последици“ кон медиуми за начинот на известување. Е „Нашиот извештај во 2018 истакна дека иако постои подобрување на…
Обвинителите во Бугарија во петокот соопштија дека оваа недела уапсиле 20 лица, за издавање на лажни документи, поради што голем број странци добиле право на бугарско државјанство, а со тоа и пристап до ЕУ. Осомничените, меѓу кои и високи владини претставници, беа обвинети за поткуп и организиран криминал. Изјавата на обвинителството во моментот не даде дополнителни информации, но подоцна идентификуваше еден од приведените како Петар Харалампиев, шеф на Државната агенција…



