Советот на Европската Унија даде глас за доверба на поранешната Специјална јавна обвинителка на Романија, Лаура Ковеси. На денешниот состанок на Советот на ЕУ кој се одржа во Брисел, 17 од 22 членови и ја дадоа својата поддршка на Ковеси. Откако таа беше поддржана и од страна на Европскиот парламент, нејзиното назначување за главен јавен обвинител на ЕУ е извесно. За време на нејзиниот мандат како главен специјален јавен обвинител,…
Претседателот на Советот на ЕУ за време на денешната посета на Скопје им порача на лидерите на земјите членки на Европската Унија, да си ја завршат својата работа. „Скопје е најдоброто можно место од каде би сакал да ги повикам лидерите на земјите членки на ЕУ, да ја завршите вашата работа, бидејќи Северна Македонија веќе го заврши своето” , изјави Туск. Туск додаде дека е кристално јасно дека во Брисел не…
Тимот кој ја изработува емисијата „КОД“, Сашка Цветковска од Истражувачката репортерска лабораторија и новинарите од „МакФакс“ Кристина Озимец и Васко Маглешов ги добија нарадите на ЕУ за истражувачко новинарство. Наградите денеска им ги додели амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар. Првата награда им припадна на Снежана Лупевска, Миомир Серафиновиќ и Билјана Николовска од КОД, емисија која се емитува на телевизија „Телма“ за сторијата „Крадење идентитети на граѓани за…
Британскиот премиер Борис Џонсон, денес за медиумите изјави дека Брегзит ќе се случи со или без договор. Тој додаде дека верува дека партнерите од Унијата ќе го променат својот став и ќе биде постигнат компромис, но доколку тоа не се случи, Велика Британија мора да биде спремна за излез без договор. „Ние ќе бидеме подготвени да излеземе на 31 октомври, со или без договор. Секако, нашите пријатели и партнери од…

















