ИРЛ побара Градот Скопје да дозволи да влеземе во новата Градска куќа со цел да видиме каква е тазе завршената и скапа зграда за која Коце Трајановски потроши 20,5 милиони евра, а Петре Шилегов ќе ја продава за нешто повеќе од 12 милиони. Градот не дозволи влез за јавноста, барем не засега. ИРЛ ја посети локацијата. Урбанистичкиот план на Градска куќа и предвидел соседи – хотели и деловни комплекси, но…
Депонијата „Дрисла“ од денеска се враќа во сопственост на Град Скопје. По речиси седум години судски постапаки меѓу компаниите кои сакаа да бидат приватен партнер во најголемата депонија на Балканот, Градот Скопје на денешната седница на Советот донесе одлука „Дрисла“ да работи без концесионер и да биде под капата на Градот. Советниците од Градот денеска гласаа за две одлуки. Првата со која бара поништување на одлуката со која е Дрисла…
Што истражуваме Во име на интересот на неколкумина Градот Скопје со години дозволувал хаос и беззаконие во јадрото на Градскиот парк. Малку се и оние граѓани кои знаат дека постои посебна фирма која што ја основале институциите на градот која има задача да управува со паркот. Нејзината работа со години е надвор од радарот на јавностa. Тимот на новинари на ИРЛ ја истражуваше работата на оваа фирма основана уште во…
Летните дискотеки во Градскиот парк кои што се простираат на површината на поранешниот Луна парк со години работат без лиценци и без договори за земјиштето кое го користат во атрактивниот дел на градот. Иако доаѓала инпекција, тие никогаш не биле затворени. Следната година нема да има летни дискотеки во паркот, ако се оди според планот за градежни активности на Град Скопје за изградба на новиот забавен парк на местото на…