Лидерите на политичките партии кои вечерва беа на средба кај претседателот Стево Пендаровски стојат зад идејата државата што поскоро да ги почне пристапните преговори со Европската унија. Пендаровски по завршувањето на првиот дел од состанокот пред медиумите изјави дека сите присутни политички партии се согласни дека државата треба што поскоро да ги почне и да ги зварши пристапните преговори со Европската унија. „Имаме јасен државен консензус од релевантните политички лидери…
Актуелниот в.д. директор на државниот студентски дом „Пелагонија“ – Бујар Муртезани којшто 9 години директорува, повторно конкурирал за директорското место на домот. Од Управниот одбор на „Пелагонија“ велат дека тој ги исполнува условите и е еден од четворицата кандидати на кои ќе им биде извршено интервју во среда. Доколку Муртезани биде повторно избран, тоа ќе му биде трет мандат, што е спротивно од Законот за студентски стандард, според кој директор…
Лидерот на ДУИ е загрижен за намалената доверба на граѓаните во правосудните институции, особено поради отсуство на договор за Законот за јавно обвинителство и случајот „Рекет“. Тој од денешното изборно собрание на огранокот во Чаир, испрати порака дека неговата партија се залага за владеење на правото. „Довербата во правосудните институции мора да се врати во земјата. Токму тоа не загрижува во ДУИ. Но, и мене лично затоа што нештата многу…
Ова не е приказна за работата на владините комисии. Ова е илустрација на партиската окупација во институциите и за моќта дадена на некомпетентните индивидуи кои имаат предност пред јавниот интерес. Садула Дураки не им е омилен политичар на граѓаните. Неговата популарност, впрочем, и не била јавно мерена. Не покажа речиси никакви резултати како министер за животна средина, а дополнително го навлекуваше гневот на граѓантие поради тоа што не се срамеше…




