Press "Enter" to skip to content

Британија го одобрила барањето за екстрадиција на Џулијан Асанж

Саџид Џавид, британскиот министер за внатрешни работи ја потпишал одлуката за екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во САД. „Тој со право е зад решетки. Од САД имаме барање за екстрадиција кое утре ќе биде пред суд, а вчера го потпишав и ја потврдив одлуката за екстрадирање која ќе биде пред судот“, изјави Џавид. Со ова се отвора пат, Асанж да биде предаден на Американците кои го теретат основачот…

Никола Груевски: Избегав едноставно, сакаа да ме ликвидираат, во Унгарија барам работа

Изјава на денот Избегав едноставно, сакаа да ме ликвидираат, во Унгарија барам работа, ќе пишувам мемоари, а власта сама нека открие како избегав, ова го изјави поранешниот премиер Никола Груевски во интервју емитувано во вестите на телевизијата Сител во 19 часот на 2 фебруари 2019 година. Како заминав не кажувам, беше едноставно, но нека открие власта “Со луѓе од власта немам контакт, со сопартијци, ако мислите од раководството, немам. Не. Заминав…

Љубомир Јовески – државен јавен обвинител

„По барањето за меѓународна правна помош, Албанија не постапи целосно. Така што снимките од безбедносните камери не се обезбедени“, јавниот обвинител Љубомир Јовески по два и пол месеци од бегството на Никола Груевски соопшти дека најверојатно снимките од граничните премини во Албанија се избришани.

Виктор и Никола: Историја на една долга врска од интерес

Што имаат заедничко Виктор Орбан и Никола Груевски? Што е она што толку го задолжи унгарскиот премиер за тој да му пружи засолниште на озлогласениот балкански автократ? Врските меѓу Груевски и самопрогласениот заштитник на христијанството во Европа одат многу подлабоко од последната владејачка декада на актуелниот македонски бегалец од правдата. И двајцата не сакаат бегалци – муслимани. И двајцата имаат заеднички замислен непријател – милијардерот Џорџ Сорос. Зборот „либерал“ го…