Press "Enter" to skip to content

Субвенции без ефекти – како до поголем развој во земјоделието

Земјоделството (вклучително и лов, шумарство и рибарство) е третиот најголем сектор по услугите и индустријата. Неговото учество во вкупниот БДП остана релативно стабилно изминатиот период, со околу 10-12 проценти, а заедно со преработувачката индустрија, процентот се зголемува на 16-18 отсто.

Можностите за поголем придонес на оваа дејност во националната економија согласно расположивите потенцијали во земјоделството не се целосно искористени и покрај традицијата во овој сектор, како и покрај поволните климатски услови. Повеќе од една третина од земјоделското обработливо земјиште не се обработува. Субвенциите кои почнаа да се исплаќаат од 2007 година не ги дадоа саканите ефекти, наместо развојна нота тие беа искористени како социјално-политичка алатка.

Во земјата постои неконзистентна земјоделска политика, а субвенциите не се гаранција за успешен агро сектор, констатираше проф. д-р Благица Сековска од Факултет за земјоделски науки и храна, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“- Скопје. Агро секторот се соочува со повеќе проблеми, но за подинамичен земјоделски развој треба да се даде пред се одговор на неколку прашања. Имаме ли ние села, дали има луѓе во селата и конечно, дали луѓето што се останати во селата се обучени да имплементираат современи ИТ практики и технолошки решенија.

Професор Сековска констатираше дека, сакаме да збориме за информатизација и роботика како модерни текови за развој на секој сектор вклучително и земјоделско прехранбениот, но реалноста вели таа, е дека главно сеуште се зборува за начинот на одржување на шталите, дали се тие на соодветно ниво за чување на кравите.

За таа цел професорката порачува дека освен мерката субвенции, треба да се најде начин како со друг тип на мерки и политики да се задржат луѓето во селата, но не по цена сите да се занимаваат со земјоделство. За да се реализира ова потребно е да се направи сеопфатна анализа.

И натаму остануваат проблемите со неискористени средства од ипард програма, потешкотии во пристап до финансии за фармери, пренамена на земјоделско земјиште во градежно, не постои грижа кон системите за наводнување, недостиг на работна сила, недостаток на здружување на фармерите, посочи проф. д-р Благица Сековска.

Проф. д-р Ордан Чукалиев од Факултет за земјоделски науки и храна, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“- Скопје акцентот го стави на проблемот со образовниот систем, науката е искулчена од донесувањето на одлуките во сферата на земјоделството, вели тој. Како проблематични ги посочи нестандардното производство, ниското ниво на специјализација, а просечното земјоделско стопанство има 2 хектари. Во таа насока проф. Чукалиев констатира дека потребен е советодавен систем за земјоделците, потребни се транспаренти и достапни податоци кои ќе водат до едукација на земјоделците и унапредување на земјоделството

Македонија е земја со 220 сончеви денови од кои 50 дена се топлотен стрес и го забавуваат производството. Поради тоа вели професорот невозможно е да кажеме дека имаме конкурентска предност, единствено како предност е вкусот на производите.

Агро-секторот по влезот во ЕУ

Македонското земјоделство во изминатите 25 години се соочува со големи предизвици. Членството во СТО, Спогодбата со ЕУ, членството во ЦЕФТА, ги проширија можностите за зголемување на извозот, но истовремено ја зголеми домашната конкуренција.

Создавањето на конкурентен земјоделско-прехранбен сектор, кој ќе ги искористи компаративните предности на нашата земја, бара доследно спроведување на сеопфатни мерки во низа области, вклучувајќи: ефективни земјишни политики, финансирање, преструктуирање на земјоделското производство во насока на производи со дефицит на високи примања и ефективни пазар кој обезбедува соодветна средина за техничките и претприемачките вештини на домашните фармери. Целта е да се зајакне свеста за македонските земјоделски и прехранбени производи чии имиња се заштитени со оригинални ознаки за потекло, заштитени географски ознаки или загарантирани традиционални специјалности со цел да се зголеми нивната побарувачка, да се зголеми интересот на производителите за влез во производство на заштитени производи за да се постигне нивно подобро позиционирање и да се спречи злоупотреба на заштитени имиња на пазарот.

Претставникот на Стопанска комора на Хрватска Жаклина Јуришиќ, говореше за предизвикот со кој ќе се соочи земјата, особено агро секторот со влезот на Северна Македонија во Европската унија. За таа цел Јуришиќ со присутните ги сподели искуствата на Хрватска. Што значи прилагодување на целиот земјоделски сектор на политиката што се води во ЕУ, со исти царински прописи, фитосанитарни и ветеринарни правила, потоа почитување на заедничка земјоделска политика, заедничко регулирање на пазарот.

Само вкусот е предност, не и конкурентноста

Светска банка со забелешки за непродуктивност на субвенциите

Политиките за поддршка на земјоделството ја зголемуваат неефикасноста и ја забавуваат структурната трансформација преку обесхрабрување на работниците да преминуваат на попродуктивни работни места не само во земјоделството, туку и во индустријата или во услугите.

Економските политики придонесуваат за стагнирање на растот и ниската продуктивност на земјоделството. “Јавната поддршка која државата ја дава на земјоделството, како дел од БДП, е многу поголема во споредба со поддршката на регионалните соседи и далеку над просекот во ЕУ28. Јавните политики за поддршка на земјоделството доведуваат до нарушувања и придонесуваат за неефикасност, особено кај субвенционираните земјоделски стопанства и производите кои добиваат големи субвенции како што се тутунот и сточарството. Субвенциите ја намалуваат земјоделската продуктивност и ја забавуваат структурната трансформација со тоа што поттикнуваат премногу работници да останат во ниско продуктивното земјоделство наместо да отидат во индустријата односно услугите”, се вели во Извештајот.