Press "Enter" to skip to content

„Разговор во Редакција“: Лисичани категорично против бетонизација, Муцунски ветува хумана урбанизација

Жителите на Лисиче се против ново заѕидување на населбата Лисиче кое ќе се случи ако помине новиот предлог ДУП кој предвидува висококатници на булеварот Србија или спроти кулите Џеваир. Деталниот урбанистички план предвидува девет нови згради. Градежната копманија „Голден Арт“, купила нива на која во предлог ДУП – от е вцртана зграда на 12 ката. „Призма“ ја објави сторијата за тоа кој ги крои урбанистичките политики во Скопје и откри како неплодна нива може да стане плодно земјиште за зграда. Дел од 15 – от поткаст „Разговор во Редакција“ се новинарот Гоце Трпковски од независната медиумска публикација „Призма“ и градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцински. 

Новиот предлог Детален урбанистички план ЈИ09 блок 09.01 во Лисиче има лукративни елементи како и речиси секој нов ДУП кој се носи, смета Гоце Трпковски, новинар во Призма. Трпковски ја објави сторијата којашто откри дека во општина Аеродром во населбата Лисиче урбанистички план предвидува изградба на згради долж булевар Србија. Новите бетонски зданија не наидоа на одобрување на жителите во населбата.

„Кога ќе видам нов Детален урбанистички план и ново предвидени површини за развој како што можеби се нарекува, првиот инстикт ти е да провериш како стои состојбата во Катастар, односно кој ги поседува тие имоти. Таму имаше повеќе сопственици. Голем дел од нив никогаш не биле поврзани со градежниот бизнис“, вели Трпковски. 

Црвен аларам дека се крои нов бизнис зафат на штета на хуманото живеење биле документите кои покажале дека дел од земјиштето за станбено деловен објект од 12 ката го купиле сопственици на познатата градежна компанија „Голден Арт“ – Роберт Јакимовски и Ивица Јаќимовски.

„Беше јасно дека одредени градежници веќе се позиционирале таму однапред уште пред да биде донесен деталниот урбанистички план. Јас ги контактирав и тие ми рекоа дека воопшто не знаеле кога купиле земјиште што во Катастар е запишано како заемјоделксо земјиште. И, ете, одеднаш баш на нивните парцели се случило да се исцрта највисоката зграда што им отвори можност понатаму да се договорат со другите сопственици и да градат“, вели Трпковски. 

Жителите на Лисиче кои живеат пред појасот кој треба да се изѕида со нови бетонски згради, недогуваат на предлог деталниот урбанистички план и негово одобрување од општинскиот совет.

„Нивните очекувања се да се избришат зградите. Значи ништо помлку од тоа. Од тоа што јас разговарав со нив тоа се нивните очекувања, дека тука не треба да има згради бидејќи тоа било населба со куќи. Таков ѕид од згради, стравуваат дека ќе го намали протокот на воздух бидејќи загадвањето во Лисиче е огромно“, посочи Трпковски. 

Во вториот дел од поткастот „Разговор во Редакција“ гостин беше градоачалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски. Посочи дека предизборно ветување му било дека развојот на општината го гледа надвор од централното подрачје на Аеродром.

„Ќе се грижиме за хумана урбанизација. Истовремено кажав дека ќе има урбанистички развој на општина Аердром надвор од централното јадро на општината бидејќи кога зборувате за урбанизмот покрај градбата има и други фактори кои што треба да се земат предвид“, изјави Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром.

Муцунски, водејќи се по анкетните листови на граѓаните кои пишале дека не се согласуват со предлог деталниот урбанистички план да се изградат нови згради, смета дека треба да се подобри, но не прецизираше дали планот ќе се укине ако има толкав револт и незадоволство.

„Јас ве уверувам дека ќе ја донсеме најдобрата можна одлука“, потенцираше Муцунски.

Муцунски категорично ги отфрла индициите за притисок врз него насочен кон тоа предлог ДУП – от полесно да помине.

„До овој момент дури седиме во оваа просторија, ниту некој ме контактирал ниту некој врз мене направил било каква форма на притисок за тоа каков урбанистички план треба да се донесе на таа локација“, вели Муцунски.

Тимчо Муцунски, освен градоначалник на општина Аеродром е и потпретседател на ВМРО – ДПМНЕ. Вели дека уставните промени на кои инсистира власта, ќе донесат краткотраен ефект во Софија но не и гаранција дека Бугарија нема да испорача нови услови кон Македонија.

„Ние сакаме од европските институции некоја форма на гаранција која сме подготвени да ја дискутираме и разговараме дека Македонија во делот на својот напредок кон полноправно членство во Европската Унија ќе биде оценувана само по мерит критериуми“, вели Муцунски.

Муцунски верува дека нема пратеник од ВМРО – ДПМНЕ кој ќе поддржи уставни измени.

„Јас ги познавам тие луѓе и сум цврсто убеден дека тие ќе бидат истрајни и ќе го зачуваат својот кредибилитет и дека тој став ќе биде конечниот став“, вели Муцунски околу евентуалната можност пратеници на ВМРО – ДПМНЕ да гласаат за уставни измени.