Министерот за здравство Беким Сали побара граѓаните да бидат трпеливи во однос на истрагата за клиниката „Жан Митрев“ која следеше по документарниот филм „Нечиста крв“. Кога ќе има резултати за истрагата како се правеле хемофилтрации на КОВИД пациенти, Сали не посочи. Од приватната клиничка болница земале 560 извештаи за луѓе кои биле лекувани со хемофилтрација – метод кој докторот Жан Митрев го презентираше во пандемијата како спас од корона вирусот.…
ИРЛ
Пред обвинителството вчера да оформи предмет за наодите во документарното истражување „Нечиста крв“, до нив стигнале две кривични пријави за начинот на третман од КОВИД 19 во клиничката болница „Жан Митрев“. Мелита Брезева, сопруга на починатиот Никола Брезев, сомнежите за смртта на нејзинот сопруг ги објаснила во кривична пријава доставена до обвинителството на 27 – ми октомври лани, а по осум месеци, обвинителството се уште ги проверува наодите во документот.…
Денеска во ИРЛ стигна и кривична пријава против Жан Митрев, неговата болница и вработени лица, а ја поднел адвокатот Асмир Алиспахиќ пред три месеци во име на пациент кој се лекувал таму и починал од сепса. Обвинителството по допрен глас оформи предмет, откако ИРЛ објави истражување за клиничката болница „Жан Митрев“ и доктор Жан Митрев. Откако откривме дека КОВИД пациенти без да знаат дека се предмет на клиничко испитување, им…
Поранешниот бизнис-партнер на премиерот од бизнисот со фотоволтаици се оградува од одговорност за смртта на работникот на зградата на ФФМ. Инспекциите констатирале дека работникот немал обука за да ја управува дигалката од која паднал и загинал на самото место. Фирмата го обвинила работникот дека самиот си ја дал таа работна задача. Огорченото семејство ја бара правдата, додека Федерацијата и низа институции во Македонија не се заинтересирани за стандардите за безбедност…

















