Заврши судењето за случајот во кој градежниот работник Мијалчо Тодоровски загина при пад на потпорен ѕид на зграда во изградба во Дебар Маало. Несреќата се случи во 2017 година, а случајот четири години го истражуваше обвинителката Гордана Ѓешковска која во своите завршни зборови потврди дека загинатиот непријавено работел за градежната фирмата „Колбико Инженеринг“. Сопственичката на градежната компанија Оливера Коловска Стаменова и раководителот на зградата Александар Дугалиќ кои се обвинети за кривичното…
Никако да почне судењето против докторот Жан Митрев. Денешното рочиште повторно се одложи на барање на адвокатите на докторот кои се жалат дека не им биле доставени сите докази. По едночасовна тензија меѓу одбраната и обвинителството, судот донесе одлука и го одложи судењето. Следното рочиште е закажано на 13-ти јуни. Пред судницата во која што му се суди за кривичното дело измама со умисла на пациенти кои се лекувале во…
Во последните 100 дена профилот Димитар Ковачевски потрошил 26,000 евра за спонзорирани постови на социјалните мрежи. Цела продукциска машинерија и гломазен владин пиар тим предводени од неговиот секретар за комуникации и неговиот шеф на кабинет работат во две смени за да ни го продадат премиерот како успешен. Нивната вистинска работа е да обезбедат корисни и важни информации за граѓаните. Наместо тоа, на социјалните мрежи ќе ве нападнат идилични себерекламирачки спотови…
Уставниот суд одлучи да ја спаси децениската шума на Водно од багерите на бизнисмените кои сакаа зелениот појас да го претворат во елитна населба со бетонски зданија. Судот го укина спорниот Детален урбанистички план за Општина Центар кој овозможи луѓето со моќ и влијание да купат дел од планината и покрај јавниот револт на скопјани кои не се откажаа од намерата да ја заштитат од урбанизација единствената планина во градот.…

















