И покрај алармирањата од страна на јавноста, од самите ревизори и известувањата од медиумите, политичкиот пазар меѓу партиите во Собранието и понатаму останува главната блокада зошто се уште нема директор на Државниот завод за ревизија. ИРЛ во октомври пишуваше дека реалните проблеми на Ревизија можат да настанат во ноември, а денес на прес-конференција околу 60 вработени од оваа институција алармираа дека се целосно блокирани со неисплатата на плати и годишната…
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата чиј поранешен лидер е во бегство, осуден за криминал и против кого се водат уште неколку случаи за финансиски криминал тешок милиони евра, вечерва најави изборна програма во која клучно ќе биде владеење на правото и борбата со криминалот и корупцијата. „Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за изборите ќе понудиме нешто што ќе биде надвор од секојдневието за овие наши балкански услови. Суштината ќе биде поделена на…
Бруталното убиство на новинарот Јан Куцијак и неговата вереница Мартина Кушнирова, кое се случи на 21 февруари минатата година, ги шокираше новинарите ширум светот. По убиството, „Мрежата за известување за организиран криминал и корупција“ (OCCRP), Истражниот центар на Јан Куцијак „Актуелноста.ск“ и многу други медиумски организации започнаа проект со кој ја продолжија истражувачката работа на Куцијак, а истовремено и го истражуваа убиството на младиот пар, обидувајќи се да ги пронајдат…
Професорката Катерина Тодоровска, една од организаторите на протестот против мал групен дом во населба Визбегово во дебатна емисија изјави дека тие всушност сакале да им помогнат на децата, па затоа барале да бидат дислоцирани. „Ние побаравме дечињата да се дислоцираат од местото, не заради друго, туку за да не доживуваат трауми.“ Тодоровска додаде дека во Визбегово нема основни услови за ресоцијализација и тие немаат време да ги социјализираат децата од…

















