На Маврово се гради. На хартија куќи, во реалноста зграда. Веќе има и една изградена. Таа требало да биде хотел, но газдата си продаде станови. Во најава се и нови градилишта до ски терените. ИРЛ разговараше со Медат Куртовски, градоначалникот на Маврово, за опасноста од неповратни загуби во име на профитот во Нациоаналниот парк „Маврово“. Тој вели дека во општината нема доволно туристички легла, а тие се стремат да го…
БЕГ одбрал снабдувач со мазут за целата грејна сезона во случај да снема или да не успее да набави гас. Теоретски, ако се оствари најцрното сценарио и БЕГ мора да ги грее скопјани на мазут, тие ќе побараат достава од тендерскиот победник. За разлика од гасот, мазутот е голем аерозагадувач. Победник на оваа потенцијално мрсна зделка е фирмата РКМ на поранешниот државен службеник од ВМРО ДПМНЕ и поранешен соработник на…
Една дозвола за градба од 1991 година, една понова за доградба на хотел кој што не постоел и неколку замижани институции биле потребни за да се изгради првиот станбен комплекс до ски терените во Маврово. Сето тоа се направило на државна земја која што инвеститорот Пелагонија АД Гостивар ја купил по цени десетина пати пониски од пазарните. Голем дел од хотелите градени во минатиот систем и ден денеска предизвикуваат воздишки…
Помеѓу 2012 и 2016 година, мнозинството советници и пратеници во државата гласале закони и одлуки предложени од државните функционери кои што се однесуваат на урбанистичкото планирање, градењето и приватизирањето на јавната земја. Притоа, тие не воделе сметка за јавниот, туку за приватниот интерес на малкумина во земјата. Одлуките на овие луѓе имаат штетни последици врз квалитетот на животот на граѓаните и на животната средина. Промената на власта не донесе и…

















