По речиси една година без Антикорупциска комисија, Собранието го објави огласот за избор на новиот состав. Ќе се избираат претседател и шест члена со мандат од пет години, без право на повторен реизбор. Огласот е објавен во дневни весници и ќе трае седум дена. При изборот, според новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси, ќе важи принципот на соодветна и правична застапеност и принципот на подеднаква родова…
Поранешен вработен во Мосак Фонсека, панамската адвокатска компанија во центарот на скандалот „Документите од Панама“ од каде што протекоа повеќе од 11,5 милиони правни и финансиски документи, беше екстрадитиран во Германија во средата во врска со меѓународно даночно затајување кое е дел од истрагата, ова го соопштија германските медиуми. Дик Брауер , германски инвестициски банкар кој работеше во Мосак Фонсека, беше уапсен во Париз кон крајот на минатат година. Тој неколку…
Непознати лица убија истражувачки новинар од африканската држава Гана кој што обелодени голем корупциски случај во африканскиот фудбал. (Фотографија: Ахмед Хусеин-Суале. Извор: НЕТ2) Во новинарот Ахмед Хусеин-Суале е пукано во средата вечер со три куршума – два во градите и еден во вратот. Убијците пукале во него додека тој се возел во својот автомобил по работното време, а се упатил дома. Хусенин-Суале беше дел од истражувачкит тим наречен Тајгер Ај…
Ја најави лично Вучиќ, но и по една година од убиството на Оливер Ивановиќ, српското обвинителство не отворило истрага. Исчекор единствено направија косовските истражни органи кои во ноември ги приведоа првите осомничени. Меѓутоа, ниту нивната истрага не доведе до имињата на извршителите и наредбодавачите. Истовремено, оние кои до скоро јавно го напаѓаа и оцрнуваа, сега сакаат да се прикажаат како најголеми „душегрижници“ за расветлување на смртта на Ивановиќ. Пишува: Бојана…

















