И покрај многуте разоткриени случаи изминативе години со кои се покажа дека Европските банки помогнале да се исперат милијарди долари валкани пари за руските бизнисмни, Европскиот Совет едногласно го одби нацрт списокот на 23 држави кои имаат висок ризик од финансираање на тероризам и перење пари. Во изјава, Советот оваа одлука ја правда со тоа што конкретниот предлог не бил донесен на транспартентен начин со цел да ги стимулира државите…
Српскиот милионер Мирослав Мишковиќ, сопственик на компанијата Делта Холдинг е осуден нa две и пол години затвор, а неговиот син Марко на една година домашен притвор. Двајцата се товарат за даночно затајување и поттикнување на даночно затајување. Во повторената судска постапка, која трае веќе шест години, осуден е и сопственикот на Нибенс корпорацијата Мило Ѓурашковиќ на четири години и три месеци затвор. Сите тројца во рок од три месеци од…
Новинарката Менче Точи од порталот Нова тв, денеска од Здружението на новинари на Македонија доби награда за животно дело „Крсте Петков Мисирков“. На денешното одбележување на 73 годишнината од работењето на здружението беа доделени и наградата за истражувачко новинарство Јашар Еребара. Слобданка Јовановска од Управниот одбор на ЗНМ рече дека Точи секогаш во своите стории на прво место се пациентите и граѓанскиот интерес. „Таа веќе со години ги разобличува состојбите…
Лица без искуство од областа во која биле назначени и лица со завршено основно или средно образование ги управуваат и го надледуваат работењето на јавните претпријатија. Ова го покажува најновата анализа на Социетас Цивилис, „Кој таму управува“. Според анализата во управните и надзорните одбори во мали градови или пак рурални општитини се назначуваат лица со завршено основно или средно образование кое е несоодветно за областа во која се назначени, како…

















