Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска во Стопанската комора на Македонија ги повика бизнисмените за да им ги презентира новите законски измени за финансиска поддршка на инвестициите, но наместо аплауз доби многу критики. Бизнисмените се пожалија на долгите бирократски процедури, каде за увоз на суровини за производство се чека и по 4,5 месеци, неусогласеност на државните институции барат различни сертификати за ист производ, царински постапки кои траат по една…
Секоја лидерска средба во Македонија од независноста па до денес се најавува како историска. Лидерите на неколку политички партии зад затворени врати одлучуваат за судбината на сите граѓани. Понекогаш со помош на меѓународните претставници, понекогаш сами или засилени со нивни сопартијци. На крај одлуката се сведува на волјата за компромис, а токму пред таква одлука вечерва се лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Новина е…
Судскиот совет на денешната седница го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата. Барањето за разрешување на Вангеловски беше поднесено пред повеќе од две години, поради одлуката со која му го укина притворот на Сеад Кочан, обвинет во случајот Труст и му овозможи бегство. Вангеловски првиот мандат како претседател на Врховниот суд го доби на 17 јули 2008 година, само неколку месеци откако дојде…
Новото училиште „Киро Глигоров“ во скопската населба Капиштец, со својот модерен изглед е освежување од барокниот изглед. Дело е на 35-годишниот архитект Бесиан Мехмети. Заедно со неговиот тим од студиото „БМА“, Мехмети во 2013 година конкурираше на конкурсот на Општина Центар за избор на идејно решение на новото општинско училиште. Токму тоа што на конкурстот се барало современо изразување било причина да учествува на него. При изработката на проектот се…

















