Press "Enter" to skip to content

Сеад Кочан „му пресуди“ на Јово Вангеловски

Судскиот совет на денешната седница го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата. Барањето за разрешување на Вангеловски беше поднесено пред повеќе од две години, поради одлуката со која му го укина притворот на Сеад Кочан, обвинет во случајот Труст и му овозможи бегство.

Вангеловски првиот мандат како претседател на Врховниот суд го доби на 17 јули 2008 година, само неколку месеци откако дојде на функцијата врховен судија. Претходно работеше како како адвокат и немаше ниту еден ден судски стаж. На чело на Врховен остана до 2012 година, а втор пат за претседател беше избран на 13 март 2017 година.

Вангеловски во 2015 година беше споменуван во прислушуваните телефонски разговори на опозицијата во негов разговор од 2011 година со министерот за транспорт Миле Јанакиески, за случајот „Глобал“.

Врховниот судија Фаик Арслани е избран за в. д. претседател на Врховниот суд, веднаш по разрешувањето на претседателот Јово Вангеловски.