Пратеничката на СДСМ и почесна претседателка на Меѓународниот сојуз, Фросина Ременски, денеска ги отфрла сите поврзувања со осомничените од „Рекет“. За повеќето од нив таа вели дека ги познава само од телевизија. Ременски по тричасовниот распит во Обвинителството, каде даваше исказ како почесен претседател на невладината организација на Бојан Јовановски, даде изјава за новинарите во која ги демантираше шпекулациите за нејзината поврзаност во случајот „Рекет“. „Почесното претседателство или членство, во…
На сметката на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, нема ни трага од парите за кои бизнисменот Силјан Мицевски денеска тврдеше дека ги префрлил на сметката на невладината, а не на пензионерката Лилјана Тодоровска. Истражувачка репортерска лабораторија пред речиси еден месец ги побара годишните сметки на оваа организација и од нив може да се види дека за две години колку што постои Меѓународниот сојуз имало вкупно 5.500 евра. Ова е втор…
Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура, Јаким Неделков изјави дека тие немаат намера да се откажат од барањата за зголемување на платите на просветните работници. „Ако во периодот што следи септември не најдеме заемно прифатливо решение во однос на нашите барања, на почетокот на октомври ќе донесеме одлука што понатаму. Значи не се откажуваме од нашите барања за зголемување на платите на просветните работници на сите нивоа“, вели…
Проблемот со аерозагадувањето е актуелен само во зимските денови, кога ситуацијата е екстремно алармантна. Но тој проблем постои и опстојува во текот на целата година, само за да ја доживее својата кулминација за време на поладните денови. Младинскиот тим на ИРЛ одлучи да поразговара на оваа тема со неуморниот борецот за чист воздух, Горјан Јовановски, околу причинителите, но и одговорноста на институциите како соучесници во овој злостор во кој жртвата…

















