„Кажете ми, ве молам, како може обвинителите од апелациското подрачје Штип да гласаат за обвинител за чија работа не знаат ништо?“ „Дали победи најдобриот обвинител или најуспешното политичко лобирање?“ Ислам Абази треба да гони организиран криминал, но самиот е прогонуван од минатото со Али Ахмети и видни припадници на таканаречената „огнена група“ на ДУИ. ИРЛ на социјалните мрежи најде стара фотографија на обвинителот Абази и лидерот Ахмети која сугерира дека…
Обвинителството сослушало повеќе од осумдесет отсто од сведоците – жртви на третманот со хемофилтрација во болницата „Жан Митрев“ коишто се лекувале од КОВИД 19. Според нивните проценки истрагата против болницата и докторот Жан Митрев би требало да заврши за два до три месеци. Овие информации, како и информацијата дека Митрев понудил гаранција од 1 милион евра во готовина, денеска им беше соопштена на новинарите на брифинг со главниот обвинител Гаврил…
Министерот за здравство Беким Сали побара граѓаните да бидат трпеливи во однос на истрагата за клиниката „Жан Митрев“ која следеше по документарниот филм „Нечиста крв“. Кога ќе има резултати за истрагата како се правеле хемофилтрации на КОВИД пациенти, Сали не посочи. Од приватната клиничка болница земале 560 извештаи за луѓе кои биле лекувани со хемофилтрација – метод кој докторот Жан Митрев го презентираше во пандемијата како спас од корона вирусот.…
Македонија е најсончевата земја во Европа. Во време на глобална енергетска криза, Македонија како ретко која земја има голема предност – сонцето. ЕСМ е фирма на граѓаните. Таа за нас би можеле да прави струја од сонцето. Има и искуство и капацитети, а прашањето на енергетика се смета за безбедносно прашање за сите членки на НАТО. Но, државното сонце отиде на продажба. Наместо ЕСМ, поранешниот вицепремиер Анѓушев ќе добие дел…

















