Press "Enter" to skip to content

ИРЛ интервју: Здравството и градежништвото најподложни на тендерска корупција

Секоја трета набавка направена со државни пари била само со една понуда, а фаворизирањето на одредени компании и потиснувањето на конкуренцијата се дел од клучните наоди во најновиот извештај на Центарот за граѓански комуникации (ЦКГ) од мониторингот на јавните набавки спроведен во втората половина на 2018 година.

Нема област во која нема фаворизирани компании, односно во голем дел од случаите фирмите се однапред избрани за да го добијат тендерот. Во фармацевстката индустрија и градежништвото тоа е најизразено, бидејќи во тој бизнис има најмногу пари, вели во интервју за ИРЛ Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации.

Минатата година се склучени 596 договори без објавување оглас или во пари тоа се 33 милиони евра. Најчесто како изговор се користи причината „крајна итност“. Најмногу договори во четири очи има склучено Министерството за образование и наука, потоа ЕЛЕМ и Ј.П. за државни патишта.

Со промената на власта нема голема промена на „главните играчи“, бидејќи во изминатиот период компаниите кои  акумилираа голем капитал повторно се во позиција да бидат најконкурентни на пазарот.

Во интервју зборуваме и за тоа како најчесто се мести тендер и колку пари при јавните набавки се одлеваат на име корупција.