Press "Enter" to skip to content

Доналд Трамп: Порано шпионите поинаку ги решававме

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли жалбата која против него ја изнесе свиркач кој бил службеник на ЦИА. Претседателот ги спореди акциите на свиркачот и оној кој му ги обезбедил информациите со предавство и шпиунажа. Во говорот кој Трамп го одржа зад затворени врати, а потоа се појави во американските медиумми, тој најстрого го осудува свиркачот.

„Сакам да знам која е таа личност, кој му ги дал информациите на свиркачот. Затоа што тој е шпион. Знаете што правевме во старите добри денови кога бевме паметни? Шпионите и предавниците ги третиравме малку поинаку“, изјави Трамп.

Свиркачот објави детали од телефонски разговор на Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски во кој Трамп бара од Зеленски да го истражи неговиот политички противник Џо Бајден.

Трамп ги отфрли обвинувањата дека се обидел да изврши притисок врз Зеленски за да го испита неговиот политички ривали и ја обележа целата ситуација како лов на вештерки” од страна на демократите.

 

Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »