Новинарите мора да ги почитуваат професионалните стандарди при известувањето за маргинилазираните групи. Ние не смееме да дискриминираме, да стигматизираме и да шириме говор на омраза. “Здрави“ и „нормални“ и деца со “мозок на тригодишно дете“. Денеска новинарката Антонија Поповска одбра стигматизирачки зборови да ги изложи своите мислења за новиот закон кој предвидува вклученост на сите деца во образовниот систем во основното и средно образование. Новинарката на ИРЛ пред да го…
Кабинетот на министерот без ресор задолжен за транспарентност, отчетност и комуникации, Роберт Поповски, испрати реакција до Истражувачката репортерска лабораторија во којашто ги обвини репортерите на ИРЛ дека излажале во текстот којшто беше објавен денеска попладне. Иако не го употреби зборот „лага“ тој во дописот испратен до сите редакции обвини дека известувањето на ИРЛ било неточно. Во сторијата ИРЛ го пренесе сведоштвото на својот новинар Давид Илиески во којшто тој пренесе…
Министерството за правда го објави Извештајот на ГРЕКО за Евалуација на Република Северна Македонија за „Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт и органите за спроведување на законот“. Петтиот круг на евалуација започна во 2017 година, а во извештајот до државата се упатени вкупно 23 препораки кои треба да се имплементираат до 30 септември 2020 година. Во извештајот се наведува дека системот на кривична правда не е…
Финансиската полиција поднесе три кривични пријави до Скопското обвинителство и Обвинителството за организиран криминал, од кои првата е против директорот на МРТВ Марјан Цветковски за злоупотреба на службената должност и овластувања. Во текот на 2015 година, Цветковски подигнал кредит од банка во износ од 140 милиони денари (2,2 милиони евра), а како договор за залог го заложил целокупниот недвижен и движен имот кој е во сопственост на ЈП МРТВ, во…

















