Излезноста до 15 часот е за „милиметар“ поуспешна од онаа во првиот круг, што за политичарите во двата кампуста кои што ги контактираше претставува знак надеж дека цензусот ќе биде исполнет. Извори во двата изборни штаба, и оној на власта и оној на опозицијата, самоуверено велат дека по добивањето на бројките за излезноста во 15 часот, станува извесно дека цензусот ќе биде исполнет. Последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК)…
На денот на Светскиот ден на слободата на медиумите, меѓународната организација „Репортери без граници“ посочува дека помалку од десет проценти од светската популација денес живее во држави каде што новинарите работат во поволни услви и им е дозволено непречено да ја вршат својата должност слободно и независно. Само за 9 проценти од жителите на планетата ,состојбата со слободата на печатот е или добра или задоволителна – според методологијата на оваа…
Патни трошоци, тендери доделени на фирми блиски до функционерите на власта, вработувања на роднини во државни институции, градоначалници кои парите на граѓаните ги трошат за свое луксузирање, нетранстранспарентното трошење на буџетски пари. Ова се само дел од аферите кои изминативе две години ги открија новинарите. Откако минатата недела Антикорупциската комисија утврди дека дел од функционерите на СДСМ и ДУИ влијаеле при вработувањето на нивните роднини, премиерот Зоран Заев најави метла.…
Во престрелка во близина на скоското село Кондово која што се случила денеска попладне убиен е возрасен маж. Граѓани кои слушнале за пукотници во селото, се обратија во редакцијата на ИРЛ да прашаат што се случува, по што ИРЛ доби потврда од висок полициски службеник дека станува збор за убиство со огнено оружје во кое учестувале повеќемина. Во моментов кон Кондово се упатуваат полициски возила и екипи на Итната медицинска…

















