Ќе мора редовно, односно еднаш неделно да се пријавува во Судот, нема да може да патува, но освен удобноста на својот дом, Сашо Мијалков ќе може да ужива и во слободата на движење во Скопје и земјава. Така одлучи Кривичниот совет при Основиот суд 1 којшто единствено му одреди мерки на претпазливост. „Согласно член 481 ст.4 од ЗКП, кога судот ќе изрече во пресудата казна затвор, може да определи обвинетиот…
Државата изборна комисија го прогласи Стево Пендаровски за победник на претседателските избори. Тој освои над 58.000 гласови повеќе од неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова. Односно Пендаровски доби 51,6 % од гласовите, а за Силјановска гласале 44,7 отсто од излезените гласачи. Пендаровски е петтиот претседател на државата, по Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов. Тој беше кандидат за претседател на СДСМ и коалицијата и во 2014 година, но…
Во седиштето на СДСМ со зурли и тапани веќе се слави победата на Стево Пендаровски. Долу, во дворот и во прес центарот се обичните членови и симпатизери на владејачката партија. Горе, пак, со закуска и пијалок се честат високите партиски функционери. Во прес центарот одвреме навреме се симнува по некој од министрите, но освен за текот на изборите и победата на Пендаровски, тешко може да се натераат да прозборат и…
Цензусот е исполнет. Изборите се успешни. Според последните податоци од ДИК, до 18.30 часот на гласање излегле 44,55 проценти од граѓаните со право на глас. Во СДСМ велат „Стево Пендаровски води“. Државната изборна комисија ги пребројува гласовите, а во штабовите на двете партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како веќе да е познат резултатот. Известуваат: Давид Илиески од штабот на СДСМ и Александра Денковска од штабот на ВМРО-ДПМНЕ: Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски уште…

















