Press "Enter" to skip to content

Груевски и Орбан: Што ги (об)врзува старите пријатели

Никола Груевски за македонските власти е бегалец, за унгарските, пак, азилант. Последните снимки кои што ги објави унгарскиот портал „444“ фрлија ново светло врз озогласениот македонски политичар кој во последно време ќе почне да делува патетично и обезмоќено со своите чести и долги пишувања на социјалните мрежи. Новинари на порталот „444“ минатата недела сосема случајно го забележуваат Груевски во зградата во којашто е и седиштето на нивната редакција, откако унгарските…

Судот со домашен притвор за рускиот истражувачки новинар Иван Голунов

Рускиот истражувачки новинар којшто беше приведен во четвртокот во Москва сега е и формално обвинет поради обид да продаде дрога на полицијата откако тие го претресуваа неговиот дом. Доколку биде осуден, тој се соочува со две децении во затвор, но Иван Голунов тврди дека полицијата му ја подметнала дрогата, додека неговите колеги на социјалните мрежи постираа фотографија од полицијата каде што може да се види дека тој е тепан, а…

Заев: Децата на функционерите треба да имаат еднакви можности за вработување како другите ако се е според систем на заслуги

Децата на функционерите треба да имаат еднакви можности при вработувањата, а не да бидат третирани како граѓаните од втор ред, ова во кажа премиерот Зоран Заев во заедничко интервју со министрите Дамјан Манчевски, Мила Царовска и Венко Филипче во емисијата „Отворено студио“ на јавниот сервис емитувана вчеравечер, петок. “И ним треба да им се овозможи еднаква можност некаде да конкрурираат и да се вработат, но процесот и целата постапка мора…

Спасовски: Криминалци со меѓународни јаки врски кои можат да наштетат на истрагите судот ги пушта без притвор

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на Националната конвенција „Следејќи го патот на парите-зајакнување на финансиските истраги“, го обвини Кривичниот суд дека криминалци од големи криминални групи со моќни бизниси и врски во и надвор од државата ги пушта да поминат без притвор. Како што вели министерот овие лица можат сериозно да го нарушат водењето на истрагите. „Имаме случаи кога интензивно ќе работиме на сузбивање на одредена криминална група.…