Подобро да ни се лутат затоа што не сме излегле да зборуваме, отколку да не распнат, вака министерот за отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, им зборуваше на лицата од кабинетот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска додека новинарите и снимателите наместени ги чекаа за прашања на темата, но и актуелностите како двојната функција на премиерот и тазе министер за финансии Зоран Заев и назначувањето на Садула Дураку во новото министерство…
Врховниот суд и’ овозможи слободно лето на поранешната министерка за внатрешни работи. Не се знае кога и дали ќе започне издржувањето на казната, бидејќи судот треба да ја преиспитува пресудата по нејзината жалба. Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска нема да оди во затвор на први јули, откако Врховниот суд го одложи извршувањето на казната. Проценката на судот е дека таа од следниот понеделник ќе остане дома се додека…
Што донесе помпезно најавуваната „метла“? Премиерот Зоран Заев го разреши министерот за финансии и самиот се постави за министер. Она што требаше да биде кадровска „метла“ предизвикува контроверзии. Може ли двоецот Заев-Заев да стаса да одговори и на премиерската и на министерската функција? Кои се проблематичните прашања кои треба да ја држат јавноста будна? Читајте во продолжение. Економија и живот за сите, ова беше еден од трите фундаменти на програмата…
Градоначалникот на Шутка од редовите на владејачката партија СДСМ е обвинет дека наводно измачувал и тепал непознато лице во својата канцеларија, откако во медиумите вчера се појави аудио снимка во којашто навводно се слуша гласот на градоначалникот Курто Дудуш. Новинскиот портал „Лидер“ којшто е дел од конзорциумот медиуми на Ем-медиа со унгарска сопственост, тврди дека материјалите со разговорите им биле доставено анонимно, од свиркач. Градоначалникот Курто Дудуш се закани со…

















