20.8.2019 година Со службено возило и возач, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дојде во Обвинителството за гонење организиран криминал за да даде исказ за случајот „Рекет“. Повикана е во својство на сведок, но пред обвинителката Вилма Русковска, Јанева ќе зборува во присуство на адвокатот Стеван Павлески. -Се надевам дека со моите аргументи и изјавата денеска, ќе ја забрзам истрагата, рече Јанева пред да влезе во зградата на Обвинителството. Таа ќе…
Едно евро за храна дневно и една банана месечно добиваат студентите сместени во државните студентски домови „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски – Питу“, кои функционираат под капата на Државниот студентски центар Скопје – ДСД Скопје. Од 3,5 милиони евра просечен годишен буџет со кој располага ДСД „Скопје“ само 15 отсто се издвојуваат за исхрана на студентите, а 28 отсто за плата за вработените, покажуваат резултатите од истражувањето на…
Здружението на новинари на Македонија(ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска со соопштенија реагираа на вчерашната прес-конференција на премиерот Зоран Заев на кој тој презентираше низа мерки со кои Владата ќе се бори со дезинформациите и лажните вести. Здруженијата велат дека со внимание ги следат чекорите на Владата и дека дел од мерките се загрижувачки за слободата на говорот и медиумите. Од ССНМ велат дека слободата…
Никој не смее да биде амнестиран поради неспособноста да се исполнат одредени рокови, рече еврокомесарот Јоханес Хан на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Заев. Според него, клучно е до октомври да се усвои Законот за Јавно обвинителство кој нуди важни гаранции за владеење на правото и сите политички страни во интерес на иднината на државата и граѓаните да покажат одговорност. Тој вели дека за ЕУ најважно е во секое решение…

















