Со едукација на новинарите, медиумските работници, администрацијата за тоа колку штета на една демократија можат да направат дезинформациите, Владата ќе објави војна на лажните вести и дезинформациите. Ова денеска на прес-конференција го најави премиерот Зоран Заев и вети дека Владата ќе почне активно да го решава проблемот со лажните вести и ширењето на дезинформациите. „Дезинформациите се едни од главните предизвици на демократијата и алатка која се користи за манупулација на…
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева тврди дека е чиста и дека нема никаква вмешаност во случајот „Рекет“ кој минатата недела го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција. „Го разбирам, почитувам и оправдувам интересот на јавноста за случајот ‘Рекет’. Носител сум на јавна функција за која мора да има целосна транспарентност. Се извинувам што свесно оставив подолг период да не излегувам во јавноста иако не ми беше лесно да го…
Специјалното јавно обвинителство се укинува и оди под капата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, а нова шефица ќе биде обвинителката Вилма Рускоска. Новото име на оваа институција ќе биде Обвинителство за организиран криминал и висока корупција. Ова го пишува во новиот предлог-закон кој Владата самостојно го подготвила и планира во понеделник да го достави до Собранието и до другите политички партии. Премиерот Зоран Заев рече дека на ваков…
Речиси четири години колку што е на чело на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева нема пријавено никаква промена во имотната состојба. Гевгелиската обвинителка која во 2015 година се пресели во Скопје, а сега е дел од милионската афера „Рекет“, нема ни заштеда, ниту пак се подновила со нешто. Единствената промена во имотната состојба која ја пријавила во Антикорупциската комисија била минатиот месец. На 13 јуни Јанева доставила информација дека има промена…
















