Press "Enter" to skip to content

Не почна судењето против Жан Митрев, кардиохирургот има нов адвокатски тим

Кардиохирургот Жан Митрев во Кривичниот суд дојде со двајца нови адвокати, што беше причина одбраната да бара одложување на рочиштето. Во адвокатскиот тим на Митрев се приклучија адвокатите Никола Додевски и Никола Лазаров, а следното судење судијката Лидија Петровска го закажа за 5 април. На барање на Јавното обвинителство, Кривичниот суд донесе одлука за забрана  отуѓување и замрзнување на сметките на приватната клиника „Жан Митрев“, како гаранција за евентуална отштета…

МВР: „Дали носеше мини сукња“ е забрането прашање за полицаjците

Сторијата на ИРЛ за непостапувањето на полицијата и секундарната виктимизација на 19 годишните девојки кои беа нападнати од див таксист покрена протести и јавна дебата за прашањето за безбедноста на девојките и жените во земјава и неможноста да добијат институционална правда. Од МВР за ИРЛ велат дека таквото однесување на полицијата е недозволено. МВР бара и измени во Кривичниот законик каде што ќе има посебно кривично дело за полово вознемирување.…

Дивиот таксист насилник избега од државата и никој не го бара, жртвите малтретирани од полицијата

Таксистот насилник којшто сексуално нападна 19 годишна студентка избега од Македонија од полицијата која и онака не сакаше да го најде. Го гонат само за недолично однесување. Униформираните полицијаци се една од клучните причини зошто многу девојки и жени одлучуваат да не пријават семејно насилство или сексуален напад и вознемирување. Деветнаесет годишната студентка – жртва, за ИРЛ расакажува дека чувствува безнадежност и немоќ, иако уредно се обрати до институциите за…

Обвинителството се сомнева дека се переле пари во инвестиција промовирана од ДУИ

Управата за финансиска полиција  по повеќегодишна пауза денеска го достави бараното известување до Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за предистрага од 2016 година поврзана со трансакциите, движењето на парите и инвестицијата на фабриката за вода „Маја“ близу селото Гари. Обвинителството истражува можно перење пари преку оф – шор фирми од Кипар и Британските Девствени Острови за реализација на клучната инвестиција во дебарско – „Маја Вода“. Фирмата…