Со растреперен глас долгогодишниот судија, Владимир Туфегџиќ, ја читаше пресудата за Сашо Мијалков во случајот „Тврдина– Таргет“. „Ми се одзема гласот. Не знам што ми се случи. Јас не сум тремаџија, меѓутоа ми се одзема гласот. Водичка добро што имаше“, и’ рече судијата Туфегџиќ на неговата колешка Џанета Бегтовиќ кога мислеше дека микрофоните се исклучија. Судиите Џанета Бегтовиќ и Владимир Туфегџиќ ја донесоа пресудата за најголемиот судски случај од независноста…
Органите на правдата го бараа Мијалков два дена, но тој дојде во свое време и по своја волја и на локација која што самиот ја одбра. Во меѓувреме, системот му исполнил и лични барања: Обвинителството се откажало од две жалби. Едната која можела да донесе затворски притвор за Мијалков, а втората која му овозможува притворските денови да ги мине во луксузна куќа на Водно, наместо во неговиот стан во Капиштец. …
“Неколку пати сум кажал и пак ќе повторам дека со бегање не се решаваат проблемите. Мојот стил на живеење не е да бегам”, ќе се пофали Сашо Мијалков за по три години да исчезне непосредно пред носење на пресудата. Имиџот на бестрашниот Мијалков кој секогаш стои на “браникот на татковината” се чини дека ќе заврши кукавички. Но, вистинското прашање е: Кој ова го дозволи. ИРЛ направи хронологија на настаните, а…
На анкетата одговорија 1.019 граѓани од Скопје, што е солиден репрезентативен примерок за резултатите кои ги добивме. Дополнително, во текот на овие три недели ИРЛ доби и 600 пријави на својот емаил или преку копчето Пријави во ИРЛ. На повикот најактивни беа жителите на Аеродром, Карпош и Кисела Вода, каде урбанизацијата е и најмасовна. Но, учествуваа и граѓани од Сарај, Чаир, Бутел. Шуто Оризари, Ѓорче Петров и Центар. Најголем број…

















