Стојко Пауновски е лојален член на матичната партија. Но, и човек со сопствено мислење и ставови. Тоа ќе се покаже како погубно за неговата кариера и неговите несогласувања со политиките на власта ќе го тргнат преку ноќ од листата на пријатели на премиерот. Зоран Заев со Артан Груби и Љупчо Николовски ќе почне вистинска крстоносна војна против Пауновски и ќе се бара неговата оставка. Но, директорот доби неочекувана поддршка од…
Едната половина од објектот ќе остане куќа, на другата половина ќе се гради зграда од пет ката. Вака според деталниот урбанистички план на општината Ѓорче Петров е предвидена градба во скопската населба Хром. За општината се’ е согласно законот, ДУП-от бил изгласан од Советот на општината. За инвеститорите ова е само уште едно парче земја за профит. Архитектите алармираат дека уривањето на заеднички носечки ѕид е недозволив проект. Станарите на…
Доколку работите во некоја од десетте скопски општини (Карпош, Ѓорче Петров, Сарај, Центар, Кисела Вода, Аеродром, Чаир, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари), Ве молиме одговорете го овој прашалник и помогнете ни да ја почнеме борбата против корумипираните со цел да ги заштитиме животите, егзистенцијата и зравјето на сите граѓани, не само на привилегираните. Тимот на Истражувачката репортерска лабораторија веќе три години активно ја истражува рапидната урбанизација во скопските општини. Сите…
Новинарите од Мрежата за истражување криминал и корупција „КРИК“ од Србија, деновиве се соочуваат со валкана кампања од провладините медиуми во Србија. Од новинари кои работат за јавниот интерес и ја доведуваат својата безбедност во прашање, српските провладини таблоиди „Курир“, „Српски телеграф“, „Информер“ и „Ало“ се обидуваат да го поврзат медиумот и главниот уредник Стеван Дојчиновиќ со црногорската криминална банда Кавач и со нејзиниот лидер Вељко Беливук, обвинет за повеќе…

















