Аркадиј Ротенберг, пријател на Владимир Путин од детството, минатата недела доби државен договор за спроведување на антикорупциска обука и развој на граѓанското општество низ целата земја. Руската влада додели 46 милиони рубли (688.000 американски долари) на Грант ЛЛП за насочување и менаџирање на јавни дискусии и конференции. Според руската корпоративна база СПАРК, оваа компанија е во целосна сопственост на Ротенберг. Поранешниот џудо партнер на претседателот Путин, Ротенберг има огромна корист од…
Министерството за внатрешни работи неколку месеци го расчистува случајот со претепаниот осуденик Стојан Павлески, кој беше еден од осудените за напад на пратеникот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. Павлевски бил претепан во октомври минатата година кај Зелен пазар и оттогаш се наоѓа на Клиниката за трауматологија. Од МВР тогаш било објавено кусо соопштение во дневниот билтен. „На 24.09.2018 од граѓани било пријавено дека на влезот од Зелен Пазар, во…
Непознати лица убија истражувачки новинар од африканската држава Гана кој што обелодени голем корупциски случај во африканскиот фудбал. (Фотографија: Ахмед Хусеин-Суале. Извор: НЕТ2) Во новинарот Ахмед Хусеин-Суале е пукано во средата вечер со три куршума – два во градите и еден во вратот. Убијците пукале во него додека тој се возел во својот автомобил по работното време, а се упатил дома. Хусенин-Суале беше дел од истражувачкит тим наречен Тајгер Ај…
Компанијата зад друштвено-социјалниот технолошки гигант Facebook денеска откри дека отстраниле повеќе од 500-тини лажни фан страници и лажни корисници поврзани со Русија. Според Фејсбук, профилите и фан страниците биле поврзани со вработени во рускиот државен медиум „Спутник“, кој има свои медиуми на локалните јазици и на Балканот. Корисниците најмногу постирале текстови со анти-НАТО содржина. Повеќе од 364 страници и корисници поврзани со медиуми со руска сопственост дале погрешни податоци за…

















