Обдукциските извештаи откриваат дека ниту една од 50-те жртви од пожарот во кочанскиот див ноќен клуб „Пулс“, кај кои како причина за смрт е утврдено задушување со јаглерод моноксид, немале ни приближно фатални нивоа за да умрат од тоа. Според обдукциските наоди, хемиското и градежното вештачење, како и новата линија на сведоштва на вклучените во настаните ноќта на 16 март годинава покажува дека во воздухот во клубот „Пулс“ гореле токсични…
Повторно ќе им се суди на директорите на болницата во Тетово, во која за време на ковид пандемијата во пожар изгореа 14 луѓе. Пресудата на Судот во Тетово била нејасна, одлучи Апелациониот суд во Гостивар. За причините за пожарот, обвинителството за гонење организиран криминал и корупција повеќе од две години води предистрага. На повторно судење се враќа дел од предметот против двајцата директори на Тетовската болница за случајот со пожарот…
Во само два дена на различни црни листи на САД завршија бизнисменот Јордан Камчев и компанијата Сајтрокс управувана од Иво Малинковски кои му се придружија на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. И покрај се’, ништо не ги допира македонските институции иако, според изјави на директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов постојат правни механизми и дома да се применат мерките од црните листи. Пишува: Маја Јовановска/Илустрација: Лука Блажев Јордан Камчев…
Обвинителот Љубомир Лапе, некогаш дел од расформираното СЈО, на прес-конференција порача дека истрагата за Скопје 2014 е жива. Отчетноста на обвинителството и грижата за јавниот интерес доаѓа во период кога институцијата одмолче клучни општествени случувања кои засегаат функционери од извршната власт и судството. Впечатокот е дека намерата е да се создаде привид дека нешто се работи на полето на справувањето со корупцијата иако во реалноста правосудниот систем со децении прикрива…

















